Дома Фудбал Струга веќе е далеку од борба за титула, Шкупи продолжи да реди порази (Видео)

Струга веќе е далеку од борба за титула, Шкупи продолжи да реди порази (Видео)

Поранешниот шампион, Струга, продолжува да тонe во резултатска криза откако освои само бод на гостувањето кај Брера Струмица, ремизирајќи без голови (0-0). Ова е петти натпревар во низа за стружани без триумф. Во истото коло, Башкими славеше на теренот на Шкупи со сигурни 2-0.

Дуелот во Струмица донесе динамично прво полувреме со неколку сериозни можности на двете страни, но чуварите на мрежите беа на висина на задачата и не дозволија промена на резултатот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во продолжението Струга наметна иницијатива и имаше повеќе од играта, но домаќинот дисциплинирано се бранеше и успеа да одолее на налетите, освојувајќи значаен бод.

Во Скопје, пак, мрежите мируваа по првите 45 минути, иако гостите од Куманово беа поофанзивни. Отпорот на Шкупи беше скршен во 52. минута кога Никел Роналдо Ор донесе водство за Башкими, а конечните 2-0 ги постави Рибеиро, потврдувајќи важна победа за кумановскиот состав.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна рекорд: Го имаме најбрзиот спринт во европскиот фудбал, успеа да постигне и гол!

Младиот нигериски фудбалер Јира Сор, кој настапува за белгијскиот тим Генк, минатиот викен…