Дома Фудбал Струга ја продолжи агонијата на Работнички во Првата лига

Струга ја продолжи агонијата на Работнички во Првата лига

Струга оствари значајна победа на гостувањето кај Работнички, славејќи со 3-1 во рамките на 14. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Гостите од Струга рано го наметнаа ритамот и уште во 11. минута поведоа преку Стефан Јевтоски, кој одлично реагираше во шеснаесетникот. Убавата игра на стружани ја круниса и Малески, кој по излез еден на еден со голманот Василев сигурно реализираше за водство од 2-0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Работнички се обиде да се врати во натпреварот и преку Имери неколкупати се закани, но голманот на Струга одлично го зачува својот гол. Сепак, скопскиот тим успеа да намали на 1-2 во 54. минута и да внесе нова динамика во мечот.

Сите дилеми околу победникот ги разреши Шабани, кој во 70. минута стрелаше за конечни 3-1 и потврди ново славје на Струга во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги разочара навивачите кои сега се одлучија на радикален потег!

Фановите на Ливерпул објавија официјално соопштение во кое истакнуваат дека по натпреварот…