Дома Фудбал Струга го декласира Арсими и стана нов лидер во Првата лига

Струга го декласира Арсими и стана нов лидер во Првата лига

Струга Трим Лум убедливо го совлада Арсими со 4-0, а Башкими беше подобар од Работнички со 2-1 во 13. коло од Првата македонска лига.

Стружани од самиот почеток го притиснаа противникот и покрај поништен гол на Кампаоре, поведоа во 20. минута преку Радески. Во второто полувреме блесна Буњамин Шабани со два погодоци, а Христијан Малески во финишот ја потврди високата победа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во Куманово, Башкими поведе пред паузата со погодок на Абдулхади Јахја, а Аворнио зголеми на 2-0. Работнички успеа да намали преку Дитмар Хоџа, но не и да избегне пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…