Дома Фудбал Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Страв од нова катастрофа на „Енфилд“, Тотенхем бара замена за Тудор од понеделникот

Игор Тудор врза сите порази на клупата на Тотенхем и изгледа дека би можел да добие отказ во случај на пораз од Ливерпул.

Хрватот пред гостувањето на „Енфилд“ потврди дека екипата буквално е десеткувана, големо е прашањето дали ќе успее да изведе 11 првоотимци на теренот, па во клубот се плашат од нова катастрофа по „петардата“ во Мадрид. 

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Новинарот Давид Орнстајн потврди дека управата на Тотенхем сè уште бара решенија на пазарот, но дека тие за сега се „во магла“. 

Тотенхем повторно контактираше со Роберто Де Зерби, но Италијанецот се заблагодари и во овој момент сака да го почека летото и да ги види сите опции. Истата е ситуацијата и со Маурисио Покетино, кој е селектор на САД и јасно е дека пред летото нема да може да преговара со ниту еден клуб, ни со Тотенхем.

Тој нагласи можност за преговори дури по истекот на договорот со САД.

„Секогаш ме поврзуваат со клубовите во кои сум работел, па така и со Тотнем, особено затоа што тогаш игравме добар фудбал. Но во овој момент нема ништо. Фокусирани сме на Светското првенство, а мојот договор истекува после Светското првенство, а потоа сè е можно“, рече Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Младата сензација на Арсенал постави нов премиерлигашки рекорд

Арсенал обезбеди, како што изгледа, клучен чекор кон титулата со победата над Евертон (2:0…