Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, Ставре Јада, со настапот на СП во Трондхајм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за настап на Зимските Олимписки Игри што следната година ќе се одржат во Милано, Италија.
Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.