
Реал Мадрид го победи Атлетико 2:1 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп што се игра во Саудиска Арабија. Најголемо внимание во градското дерби привлече вербалната расправија меѓу ѕвездата на Реал и тренерот на Атлетико.
Од Атлетико тврдат дека конфликтот го започнал Винисиус во првото полувреме со провокации кон Симеоне и клупата на Атлетико откако Бразилецот бараше пенал по дуелот. Винисиус, наводно, се завртел кон клупата на Атлетико со зборовите кои ги разлутија противниците. „Не грижи се, сега ќе досуди пенал”, е реченицата што Винисиус им ја довикнал, како што тврдат од Атлетико.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Конфликтот продолжи во второто полувреме при замената на Винисиус во 81-та минута. Симеоне повторно му се обрати, сугерирајќи дека свирежите од трибините се наменети за него. Винисиус бурно реагираше, што предизвика расправа меѓу клупите. Во конфликтот се вклучи и тренерот на Реал, Џаби Алонсо, кој го навреди Симеоне.
Es curioso cuánto tiempo dedican algunos a analizar una reacción… y qué poco a aclarar la provocación que la origina.
— Атлетико де Мадрид (@Atleti) Јануари 9, 2026
El 𝑚𝑜𝑑𝑢𝑠 𝑜𝑝𝑒𝑟𝑎𝑛𝑑𝑖, sí que es un clásico.