Спортинг од Лисабон “талка” со изборот на нов тренер по заминувањето на Рубен Аморим на Олд Трафорд каде што беше претставен како нов менаџер на Манчестер Јунајтед.
Почетокот на ноември, Аморим го напушти стадионот Жозе Алваладе за да се приклучи на Манчестер Јунајтед кој плати за неговата откупна клаузула во износ од 10 милиони евра.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
На неговото место беше поставен поранешниот португалски репрезентативец Жоао Перејра, кој не се снајде најдобро на клупата на актуелниот првак на Португалија.
Руи Боржес е новиот тренер на #SportingCP 🦁
— Sporting CP (@SportingCP) Декември 26, 2024
Добредојде во царството на Лавот, мистер 🫡 pic.twitter.com/QGh7c993yE
Од неговото доаѓање клубот доживеа четири последователни порази по што малку се стабилизираше и славеше две победи со реми, но тоа не беше доволно за раководството на Спортинг да го задржи на клупата иако имаше договор до 2027 година.
Тие потврдија дека поранешниот португалски репрезентативец е отпуштен, а на неговото место го доведоа досегашниот тренер на Виторија Гимараеш, Руи Боржес.
За него ќе платат речиси половина од откупната клаузула што англискиот клуб ја плати за Рубен Аморим, односно нешто повеќе од четири милиони евра.
Боржес ќе потпише со актуелниот првак на Португалија договор до 2026 година со опција за продолжување за дополнителна година доколку страните бидат задоволни.