Дома Фудбал Спортинг ја одреди цената за Ѓокереш

Спортинг ја одреди цената за Ѓокереш

Раководството на Спортинг Лисабон ја одреди почетната цена за трансфер на нивниот најдобар напаѓач, Виктор Ѓокереш, кој оваа сезона е еден од најбараните фудбалери во Европа.

Шведскиот голгетер привлекува огромно внимание од најголемите клубови во Европа, а се очекува да направи трансфер во текот на летниот преоден рок.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според најновите информации во медиумите, Спортинг нема да започне преговори за помалку од 65 милиони евра, што се смета за почетна цена. Сепак, таа би можела да се зголеми во зависност од понудите што ќе пристигнат од европските гиганти.

Меѓу клубовите кои најчесто се споменуваат како најзаинтересирани за неговите услуги се ПСЖ, Арсенал и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона не се откажува од ѕвезда на Ливерпул – испраќа понуди, но премиерлигашот ги одбива

Фудбалскиот клуб Барселона продолжува да го гледа колумбискиот ас Луис Диас како главна тр…