Дома Фудбал Спектакл за паметење: Барса и Атлетико одиграа епски натпревар – погледнете ги сите голови

Спектакл за паметење: Барса и Атлетико одиграа епски натпревар – погледнете ги сите голови

Барселона и Атлетико Мадрид одиграа феноменален прв натпревар од полуфиналето на Кралскиот куп, а на крајот резултатот беше 4:4..

Каталонците по само шест минути игра губеа со 2:0 по головите на Хулиан Алварез и Антоан Гризман, но Барселона до полувремето го претвори заостанокот во водство од 3:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Стрелци беа Педри, Пау Кубарси и Иниго Мартинез.

Барселона во 74. минута го зголеми водството на 4:2 со голот на Роберт Левандовски, но тоа не беше доволно за победа.

Во 84. минута Маркос Љоренте намали на 4:3, а конечниот резултат го постави Александар Сорлот во третата минута од судиското продолжение. Реваншот е планиран на 2-ри април во Мадрид.

Сите голови можете да ги погледнете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…