
Како што пренесуваат италијанските медиуми, тренерот на Јувентус Лучано Спалети сака да го види во својот тим малку запоставениот фудбалер на Интер.
Со него одлично соработуваше во репрезентацијата, а сега таа соработка би можела да продолжи и во торинскиот клуб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Давиде Фратези е на излезна врата од Интер, а медиумите одамна шпекулираат каде ќе ја продолжи кариерата, бидејќи оваа сезона за „нераѕурите“ одигра само 480 минути.
Фратези ја започна кариерата во младинските категории на Лацио, па на Рома. Од летото 2017 е член на Сасуоло. Одеше на позајмици во Асколи, Емполи, Монца, а во Интер премина во летото 2024 за нешто повеќе од 30 милиони евра.