
Иван Ракитиќ (37) планира да се повлече од фудбалот по натпреварот на Хајдук против Шибеник. Овој легендарен играч за врска и поранешен хрватски репрезентативец беше снимен во солзи по вчерашниот меч на Полјуд, а подоцна беше и откриена причината за неговите емоции.. Тоа беше неговиот последен натпревар на Полјуд и претпоследен во неговата кариера.
Ова го пренесува Далматински портал, кој истакнува дека, иако Ракитиќ сè уште не ја објавил официјално оваа одлука, тој сепак решил да ја заврши кариерата. Ракитиќ летоска се приклучи на Хајдук и стана еден од најголемите фудбалери кои играле во првенството на Хрватска. За клубот од Сплит постигна два гола и имаше пет асистенции во 38 натпревари.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Хрватскиот играч за врска, легенда на репрезентацијата и Барселона, како и икона на Севиља, ја започна кариерата пред 20 години во вториот тим на Базел. Од 2007 година беше дел од првата екипа, пред да се пресели во Шалке. Со Базел ја освои швајцарската куп титула во сезоната 2006/07, а после четири години во Шалке премина во Ла Лига.
И пред и после неговото време во Барселона, за која одигра 310 натпревари и со неа ја освои секоја титула, тој беше играч на Севиља. Како капитен и најдобар играч во финалниот натпревар, помогна Севиља да ја освои Лигата на Европа во 2014 година, а до истиот трофеј стигна и во 2023 година. По краток период во Ал-Шабаб, играч на Хајдук е од летото минатата година.
Има шанса да ја заврши кариерата со титула. За тоа ќе биде неопходна победа на Хајдук против Шибеник во последното коло и малку среќа. За да стане шампион, Хајдук ќе мора да се надева на неуспех на Ријека и Динамо против Славен Белупо и Вараждин, соодветно.
Фото. HNS/X