Дома Фудбал Случајот ќе се истражува: Во Баерн бесни на Канада поради Алфонсо Дејвис!

Случајот ќе се истражува: Во Баерн бесни на Канада поради Алфонсо Дејвис!

Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен денес го обвини Фудбалскиот сојуз на Канада за негрижа откако одбранбениот играч Алфонсо Дејвис сериозно повреден се врати од репрезентацијата.

Канада во неделата го победи САД со 2:1 во плејофот на Лигата на нации на Конкакаф, а Дејвис во 12. минута го напушти теренот откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.

Фудбалскиот сојуз на Канада првично изјави дека се е во ред со 24-годишниот фудбалер, но по медицинските прегледи во Минхен беше откриена каква повреда се работи. Се очекува Дејвис да паузира најмалку шест месеци.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Спортскиот директор на Баерн Кристоф Фројнд изјави дека одлуката на Фудбалскиот сојуз на Канада да го испрати Дејвис на лет од 12 часа до Германија пред да се направи детален медицински преглед е „преминување на границата“ и „немарност“.

„Начинот на кој беа реализирани работите беше погрешен. Ние сме работодавач и исто така ги плаќаме играчите, па ќе истражиме“, рече Фројнд, пренесе Би-Би-Си (BBC).

Извршниот директор на Баерн Јан-Кристијан Дресен изјави за Билд дека клубот сака „целосно појаснување на настаните“, обвинувајќи го Фудбалскиот сојуз на Канада за „груба негрижа“, како и дека клубот „го задржува правото да преземе правни мерки“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…