Дома Фудбал Слот откри зошто Салах не играше против Ливерпул

Слот откри зошто Салах не играше против Ливерпул

Арне Слот ги објасни причините за отсуството на Мохамед Салах во натпреварот со Пари Сен Жермен кој зав со пораз на Ливерпул од 2:0 во првата четвртфинална пресметка од Лигата на шампионите. Тренерот на „црвените“ потенцираше дека тешките дефанзивни обврски против актуелниот европски шампион не беа сродни со вештините на египетскиот крилен напаѓач.

Салах не одигра ни минута на „Паркот на принцовите“ и не беше дел од неубедливата игра на тимот под водство на Арне Слот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Холандскиот стратег го оправда својот тактички избор на прес-конференција по натпреварот:

“Мислам дека во последните минути од мечот за нас беше прашање на преживување, отколку вистинска шанса да постигнеме гол”, изјави Слот.

“Никогаш не се знае, минатата година во првиот осминафинален натпревар постигнавме гол преку Харви Елиот во последните пет минути кога го внесов Мо. Но во оваа ситуација, последните 20-25 минути беа посветени на дефанзивата.”

Мохамед Салах поминува низ предизвикувачка сезона со Ливерпул. Со 34 години веќе на хоризонтот, тој објави дека планира да го напушти англискиот клуб на крајот од сезоната. Додека истата заврши, Арне Слот изгледа дека сака да ги зачува силите на Салах за натпревари каде што тимот ќе има поконтролирана игра.

“Мо има многу таленти, но сметавме дека е подобро да не го потроши своето време бранејќи се во свои 20-25 минути на теренот. Целта беше да ја задржиме неговата енергија за претстојните натпревари кои го очекуваат.” продолжи Слот.

Тренерот на Ливерпул особено се фокусираше на заканата која ја носат бековите на ПСЖ и потребата да ги ограничат нивните офанзивни потези:

“Хакими и Нуно Мендес се самите по себе огромна опасност и затоа ги избравме Фримпонг и Керкез. Идејата беше да ги притиснеме високо и агресивно. Играчите како Милош и Жереми се подобро подготвени за таа задача од класичните крила”, објасни Слот.

Откако Салах пристигна во Ливерпул во летото 2017 година, ова беше 34. натпревар за Ливерпул во нокаут фазата од Лигата на шампионите. На претходните 33 дуели, египетскиот напаѓач само еднаш не беше дел од натпреварот – во легендарниот реванш полуфинале против Барселона во сезоната 2018/2019 кога Ливерпул триумфираше со 4:0 и продолжи понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе се жали до УЕФА за натпреварот со Атлетико!

Поради поразот од Атлетико Мадрид, Барселона го обвинува судијата за повеќе пропусти, а ед…