Дома Фудбал Слот откри дали зборувал со сопствениците на Ливерпул по вчерашниот пораз

Слот откри дали зборувал со сопствениците на Ливерпул по вчерашниот пораз

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот одржа прес-конференција по вчерашното фијаско против ПСВ Ајндховен на “Енфилд”. Во брифингот немаше ништо исклучително, затоа што тој беше планиран да се одржи денеска, како дел од рутинските обврски на тренерите пред колото во Премиер лигата. Сепак, менаџерот не можеше да не ги разгледа горливите прашања за својата иднина и формата на тимот, која е најлоша во последните 70 години.

“Имавме истите разговори што ги водиме од кога сум тука. Продолжуваме да се бориме и се обидуваме да се подобриме. Разговорите беа исти како и во последните 18 месеци. Дали се чувствувам предаден од играчите? Не, воопшто не. Иако се согласувам дека тимот не е на нивото на кое сме навикнати. Мислиме дека можеме да играме подобро одошто играме сега. Фокусот е на тимот, а не на одделни играчи“.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Кога работиш во топ клуб, притисокот секогаш е голем, уште повеќе ако губиш почесто одошто во тој клуб сите се навикнати. Секогаш има притисок, минатата година беше да ја освоиме лигата, но сега притисокот е различен. Можеби работата ми е полесна, затоа што не треба да играм. Тешко е за секој фудбалер кога заостануваме по пет минути, потоа играме добро до крајот на првото полувреме, но примаме гол по гол во второто. Така што продолжуваме да се бориме. Тоа е она што го направивме толку добро минатата година, и тоа е минимумот што го очекуваме за 90 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик во проблем, Барса остана без важен фудбалер: Познато колку ќе паузира

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, поради повреда на десната потколеница, ќе биде отсу…