Дома Фудбал Скандал во Сингелиќ: Фудбалерите на ФК Пчиња поминале низ хорор, голманот завршил во болница! (Фото)

Скандал во Сингелиќ: Фудбалерите на ФК Пчиња поминале низ хорор, голманот завршил во болница! (Фото)

Ужасни сцени се случија во скопското село Сингелиќ на натпреварот од Третата лига помеѓу екипите на Фортуна и Пчиња, каде што гостите едвај успеале да се извлечат, а нивниот голман завршил во болница по брутален напад.

Дуелот бил прекинат во 75. минута при резултат 1:1, откако играчите на Пчиња одбиле да го продолжат натпреварот поради хаосот што настанал на трибините и на теренот. Според информациите од гостинскиот тим, најпрво домашната публика ја нападнала гостинската, составена од родители и роднини на фудбалерите на Пчиња.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Набрзо потоа, дел од навивачите на Фортуна ја урнале заштитната ограда и упаднале на теренот. Во таа хаотична ситуација, играч од домашниот тим, кој седел на клупата за резерви, физички го нападнал голманот на Пчиња, Никола Стојановски, кој по ударите паднал и изгубил свест. Додека лежел на земја, неколку фудбалери на Фортуна продолжиле да го удираат, а кога неговите соиграчи се обиделе да му помогнат, и тие биле нападнати.

Играчите и стручниот штаб чекале пристигнување на Единицата за брзи интервенции за да можат безбедно да го напуштат селото, додека повредениот голман бил итно пренесен во болница во Куманово.

Случајот го потврди и тренерот на Пчиња, Часлав Вукановски, кој детално ја опиша целата драма и побара реакција од Фудбалската федерација на Македонија.

„Натпреварот беше тензичен и се играше константно под притисок, нашата екипа поведе рано, нешто подоцна израмни екипата на Фортуна и со резултат 1:1 заминавме на паузата. Се беше во ред се до моментот кога навивачите на Фортуна ја нападнаа нашата публика, напомена дека тоа беа роднини и пријатели на нашите играчи, а не навивачка група! Во 75тата минута ситуацијата ескалираше, беше бутната заштитната ограда и навивачите на Фортуна влегоа на терен, ситуацијата се смири и играта продолжи, но еден од играчите на Фортуна кој се наоѓаше на клупата за резервни играчи физички го нападна нашиот голман Никола Стојановски кој при овој напад остана без свест и во состојба кога нашиот голман лежеше на теренот 5 или 6 фудбалери го “клоцаа” на теренот, нормално во таква ситуација нашиот играч Боби Стојановски сакаше да го заштити нашиот голман, но и тој беше физички нападнат од играчите на Фортуна. Нешто подоцна делегатите донесоа одлука натпреварот да продолжи, но нашта екипа немаше услови за такво нешто бидејки нашиот голман беше пренесен итно во болницата во Куманово, каде сеуште се наоѓа, а нашите млади играчи беа преплашени од таквата ситуација. Сето оваа надлежните од ФФМ можат да го видат на видео снимките од натпреварот и веројатно ќе се донесат најстроги санкции за играчите на Фортуна за таквото вандалско однесување на еден спортски настан. Исто така нашата екипа мораше да причека да дојде “интервентната” полиција за да го напушти теренот, напомена дека истиот проблем го пријави и нашата публика! Сега на потег е ФФМ и сигурни сме дека ќе донесе реална и правична одлука за денешниот немил и неспортски настан што се случи на стадионот на Фортуна во Сингелиќ!“, изјави тренерот Вукановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Арсенал се повреди – познато колку долго ќе отсуствува од терените

Норвежанецот се здоби со повреда на коленото во дуелот против Вест Хем и мораше порано да …