![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/barcelona-espanyol-850x491.jpg)
За време на дерби мечот меѓу женските тимови на Еспањол и Барселона, се случи сцена што предизвика голем скандал во Шпанија.
Фудбалерката на Барса, Мапи Леон, ја фати противничката Даниела Каракас за меѓуножјето, што беше снимено од камерите.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Пред корнерот, двете фудбалерки имаа дуел, а Каракас лесно ја поткачи својата противничка.
Леон на почетокот беше изненадена, а потоа ја фати својата противничка за меѓуножјето и, според извештаите, прашала: „Дали имаш пенис?“.
После сѐ, Еспањол издаде соопштение до јавноста и остро го осуди инцидентот.
„Ние од РЦД Еспањол де Барселона сакаме да го изразиме нашето целосно незадоволство и осуда на некои настани кои се случија минатата недела за време на дерби натпреварот меѓу РЦД Еспањол и ФК Барселона на стадионот ‘Дани Харке’. Ова е чин што го сметаме за неприфатлив и не смее да помине незабележано“, ги пренесоа од Еспањол.
Додадоа дека играчката на Барселона направила гест со кој ја нарушила приватноста на нивната фудбалерка. Објаснија дека Каракас веднаш не реагирала, но подоцна, кога го процесирала она што се случило, ја сфатила сериозноста на тој гест.
Од Еспањол во заклучок упатија апел овој гест да биде санкциониран и понудија правни услуги на својата фудбалерка во случај да сака да отвори законски постапки.
.😡💢 Нетолерантно е ова од Мапи Леон.
— Afición Deportiva (@AfDeportiva_) 10 февруари 2025
Играјката на ФК Барселона ги допре интимните делови на Даниела Каракас за да ја праша потоа: „дали имаш машки полов орган?“
Дали треба да се санкционира?
https://t.co/RnJjGY3f2T