Фудбалерот на Лече, Енди Пелмард е уапсен по новогодишната прослава на неговиот клуб, јавуваат италијанските медиуми.
На прославата сите се опуштија малку повеќе, а локални извори наведуваат дека атмосферата била премногу лабава за ваков настан. Алкохолот се консумираше во големи количини, поради што веќе беше јасно за време на самата прослава дека некои играчи се однесуваат недолично.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Врвот на инцидентот се случил по прославата, кога Енди Пелмард под дејство на алкохол седнал зад воланот и возел со несоодветна брзина. Ова веднаш го привлече вниманието на полицијата која се обиде да го спречи. Пелмард одбил да застане, поради што полицијата го бркала низ градот и на крајот го привела.
На францускиот фудбалер му беше одземена возачката дозвола, а за да избегне затворска казна мораше веднаш да плати парична казна.
Фудбалскиот клуб Лече излезе со официјално соопштение во кое остро го осудува однесувањето на нивниот играч, кој сега е исфрлен од тимот.
„Лече најостро го осудува однесувањето на својот играч Енди Пелмард, бидејќи тоа не е во согласност со стандардите пропишани од клубот. Во очекување на соодветна истрага, играчот е суспендиран од првиот тим. Клубот дополнително ќе ја процени дисциплинската тежина на неговото однесување и го задржува правото да воведе дополнителни мерки“, се вели во соопштението на Лече.