Дома Фудбал Скандал: На „Енфилд“ вчера бил исфрлен навивач во инвалидска количка!

Скандал: На „Енфилд“ вчера бил исфрлен навивач во инвалидска количка!

Навивач на Ливерпул беше отстранет од натпреварот на „Енфилд“ откако изрекол расни навреди кон играч на Борнмут. Полицијата пристигна и го изведе од стадионот, а веднаш е започната итна истрага.

Ливерпул триумфираше против Борнмут во првото коло на Премиерлигата (4:2), а во овој натпревар се оддаде и почит на трагично починатиот Диого Жота, Мохамед Салах не можеше да ги задржи солзите, но уште еден момент го одбележи овој натпревар. За жал, беше присутен расизам. Поради ова, натпреварот на „Енфилд“ беше прекинат на кратко.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 29-тата минута, судијата Ентони Тејлор го прекина натпреварот, пријде до аут линијата и им објасни на тренерите Арне Слот и Андони Ираола дека Антоан Семењо го пријавил случај на расна навреда од страна на навивач на Ливерпул неколку минути претходно, додека ја изведувал аут топката. По краткиот прекин, натпреварот продолжи, а полицијата го отстрани навивачот во инвалидска количка од стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…