
Реал Мадрид загуби од Арсенал на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Откако Топџиите победија со 3:0 на домашен терен во првиот меч, славеа и со 2:1 на Бернабеу во реваншот. Овој е најголемиот и последен во серијата неуспеси на Реал оваа сезона, по минатогодишното освојување на Ла Лига и Лигата на шампионите.
Сегашниот трофеј нема да го одбранат, а тешко ќе стигнат и до шпанската титула. Седум кола пред крајот на првенството, Барселона на првото место има четири бода повеќе од Реал, а „Ел Класико“, кој може да одлучи за титулата, се игра за три недели во Барселона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Англискиот „Скај Спортс“ објави ексклузива дека се очекува Анчелоти да го напушти Реал на крајот на месецот.
Финалето на Купот на кралот е закажано за 26 април и според нивните информации, тоа би требала да биде последната натпревар на Италијанецот на клупата.
Фото: Реал Мадрид/FB