
Раководството на Манчестер Сити постигна целосен договор и ќе го доведе голманот на Барнли Џејмс Трафорд, информира италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Граѓаните“ се надеваа да ја намалат цената на играчот, но на крајот новајлиите во Премиер лигата не се согласија и од „Етихад“ ќе треба да ја исплатат целата откупна клаузула во износ од 40 милиони фунти.
Самиот Џејмс Трафорд одржа личен разговор со Гвардиола и на крајот исто така даде своја согласност да се врати во тимот. Играчот им соопшти за својата одлука да се врати во Манчестер Сити и на Њукасл, од каде што исто така имаа сериозен интерес за него. Чуварот на голот е поранешен младински производ на клубот и беше дел од академијата до 2023 година, кога беше продаден на Барнли.