Дома Фудбал Сити обезбеди полуфинале на ФА Купот со пресврт против Борнмут

Сити обезбеди полуфинале на ФА Купот со пресврт против Борнмут

Фудбалерите на Манчестер Сити успеаја да победат со резултат 2-1, совладувајќи го Борнмут на гости и со тоа си обезбедија место во полуфиналето на ФА Купот.

Отворањето на натпреварот за „граѓаните“ не беше најдобро. Ерлинг Халанд во 14-та минута не успеа да реализира пенал, што подоцна Борнмут го искористи како предност.

Само седум минути подоцна, Еванилсон го донесе Борнмут во водство со 1-0, што беше резултатот со кој се замина на паузата.

На почетокот на второто полувреме, Халанд го израмни резултатот на 1-1. Пресвртот во корист на Сити го изведе Омар Мармуш во 63-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јулијан Алварез е минато, Јорганџиите започнаа потрага по нов напаѓач

Напаѓачот на Јувентус би можел до крајот на трансферниот рок да се приклучи на Атлетико Ма…