Дома Фудбал Сити го доведува првиот играч ова лето. На Етихад пристигнува најдобриот играч на средината од теренот во Серија А

Сити го доведува првиот играч ова лето. На Етихад пристигнува најдобриот играч на средината од теренот во Серија А

МАНЧЕСТЕР СИТИ сака поголемиот дел од своите летни трансфери да ги заврши пред почетокот на Светското клупско првенство, истакнуваат англиските медиуми. После резултатски неуспешната сезона и победата само во Комјунити Шилд, во клубот од Етихад е заклучено дека ќе биде потребно да се доведат нови играчи. Обновата на составот започнува брзо и главниот дел треба да се заврши во наредните недели.

“Одредивме кои точно се нашите цели, на кои позиции, и имаме наши први и втори јасни опции. Почнуваме да работиме. Целта е да имаме нов тим за Светското клупско првенство”, изјави претседателот на клубот, Халдун Ал Мубарак.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Се очекува дека првиот потврден трансфер ќе биде Тијани Рејндерс. Холандскиот интернационалец и играчот од средината на теренот на Милан импресионираше во Италија оваа сезона, и покрај тоа што Милан заврши на осмото место. Тој е прогласен за најдобар играч на средината од теренот во Серија А, а Сити е заинтересиран за неговото доведување.

Се очекува дека овој трансфер би можел да ги чини Сити околу 65 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неочекуван удар во Интер пред финалето во ЛШ: Инзаги му ја „предаде“ титулата на ПСЖ!?

Во Минхен вечерва се игра големото финале меѓу ПСЖ и Интер, а во центарот на вниманието не…