Дома Останати Ракомет Сите во сала: Алкалоид ги пушти во продажба билетите за спектаклот со АЕК!

Сите во сала: Алкалоид ги пушти во продажба билетите за спектаклот со АЕК!

Ракометарите на Алкалоид се на чекор до историски успех – прв европски трофеј! Македонскиот тим направи вистински подвиг на гостински терен совладувајќи го грчки АЕК со 25-29 во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп, одигран во Атина. Сега, пред своја публика, имаат шанса да ја заокружат оваа успешна приказна и да го подигнат посакуваниот пехар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реваншот е закажан за недела, во 20:45 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Од денеска стартува и продажбата на влезниците, кои чинат 200 и 300 денари, во зависност од избраното место. Билетите може да се набават преку онлајн платформата на „МкТикетс“, а достапни се и физички во:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Diamond Mall

• Литература – ТЦ Буњаковец

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литература

• Tobacco Brothers

Струмица:

• ЛитератураМК

• ТА Сафари

Штип:

• Сити Тобако

Фото: РК Алкалоид/ФБ
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го објави тимот, еве како ќе изгледа во новата сезона (Фото)

Ракометниот клуб Вардар го објави составот со кој ќе влезе во новата сезона, во која покра…