
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ по денешниот натпревар против Велс потврди дека финансиските средства од натпреварот против Велс кој ќе го играме на домашен терен за три дена ќе се донираат за погодените од трагедијата во Кочани.
Македонија денеска квалификациите ги стартуваше со победа над Лихтенштајн од 3:0, а оваа информација Омерагиќ ја соопшти преку социјалните мрежи по завршувањето на средбата.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
“Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста.
Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот.
“Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе.
Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите. Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат.
Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија.
Се гледаме во вторник на Националната арена”, стои во објавата.