Дома Фудбал СИТЕ ОЧИ КОН ДУШАН ВЛАХОВИЌ: Неговата желба е само еден клуб!

СИТЕ ОЧИ КОН ДУШАН ВЛАХОВИЌ: Неговата желба е само еден клуб!

Репрезентативецот на Србија и напаѓачот на Јувентус има договор со „старата дама“ до крајот на оваа сезона.

Договорот сѐ уште не е постигнат, а во претходните месеци неколку клубови покажаа интерес за некогашниот фудбалер на Партизан и Фиорентина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона, Челси, Атлетико Мадрид, Милан, Баерн Минхен, се само некои кои се појавија во медиумите и се поврзуваа со Влаховиќ.

Сепак, според италијанските медиуми моментната ситуација е таква што дошло до голем пресврт. Имено, Јувентус и Влаховиќ се сѐ поблиску до нов договор. „Бијанконерите“ го убедуваат Душан дека тој е клучен играч за иднината на овој тим, а Влаховиќ нема ништо против да остане, и играта и тимот да се базираат на него.

Проблемот е, секако, парите. Влаховиќ ќе мора да ги намали своите барања. Претходно, медиумите известуваа дека Србин бараше 12 милиони евра годишно, додека Јувентус нуди „само“ седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…