
Ајакс ја потврди шесмесечната позајмица на Максимилијан Ибрахимовиќ (19) од Милан, која вклучува и можност за трајно откупување од страна на холандскиот клуб.
Aјакс планира Ибрахимовиќ да тренира со првиот тим, додека за почеток ќе настапува за младинскиот тим..
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Иако неговите менаџери разгледувале неколку понуди во Холандија, младиот играч на Милан ја одбрал опцијата за Ајакс поради добрите услови и перспективата кои му биле презентирани.
Во тековната сезона, во екипата на Милан Футуро, Максимилијан има постигнато пет гола и остварено исто толку асистенции во 18 натпревари, статистика што според неговиот славен татко, бара уште многу подобрување.
Maximilian’s first day at Ajax ✍️ pic.twitter.com/e6pYMNZVq6
— AFC Ajax (@AFCAjax) January 14, 2026
“Кул е што и тој играл за Ајакс. Среќен сум што ја имам и јас таа шанса, но Ибрахимовиќ е само презиме, а јас сум само Максимилијан”, изјави тој по пристигнувањето во клубот, осврнувајќи се на наследството на неговиот татко.