
Италијанскиот тенисер Јаник Синер е суспендиран на три месеци поради допинг, пренесува шпанскиот медиум „Релево“. Синер се договорил пред да биде сослушан во случајот, што требало да биде на средина на април. Поради жалба на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), му се заканувала казна од една до три години, а на крајот без тоа сослушување ќе биде казнет три месеци.
Како што е познато, Јаник Синер бил позитивен минатата година на забранетата супстанца клостебол, меѓутоа не бил казнет тогаш бидејќи изјавил дека случајно ја внесол во својот организам.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Неговата казна започнува да тече од 9 февруари и ќе трае до 4 мај, што значи дека ќе ги пропушти турнирите во Доха, потоа турнирите во Америка, а нема да биде присутен и на почетокот на сезоната на земјена подлога. Сепак, ќе го видиме на Ролан Гарос бидејќи тогаш неговата суспензија, ако така може да се нарече, веќе ќе истече.