Дома Останати Тенис Синер суспендиран поради допинг на три месеци – аферата ќе му донесе голема загуба

Синер суспендиран поради допинг на три месеци – аферата ќе му донесе голема загуба

Најдобриот тенисер во светот – Јаник Синер е суспендиран поради допинг скандалот на почетокот на годината и поради целата афера ги пропушти натпреварувањата од февруари до мај месец.

Сето тоа му донесе голема загуба на Јаник Синер, која вистински се почувствува дури на крајот од годината, кога АТП почна да завршува со пресметките и ги наградуваше највредните, односно оние што најмногу се натпреваруваа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, според правилата на АТП, постои еден посебен фонд што се распределува на тенисерите врз основа на учинокот на турнирите од Мастерс серијата. Оваа година е неприкосновен Карлос Алкараз, кој собра 3.420 поени, додека веднаш зад него е Синер со 2.350.

Сепак, Италијанецот нема да добие бонус и дополнителна сума на сметката, бидејќи поради допинг скандалот ги пропушти најважните Мастерси, кои се играат на почетокот од годината, главно мислејќи на Индијан Велс и Мајами, како и на Мадрид, кој е втор во сезоната на земјена подлога. Поради сето тоа, најдобриот тенисер во светот остана без два милиона долари.

Нема тоа да го боли многу Јаник Синер, кој само на егзибицискиот турнир во Ријад заработи шест милиони долари, покрај тоа и две Грен слем титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Руска тенисерка одби да се фотографира покрај Сабаленка, причината ќе ве изненади сите (ВИДЕО)

Феноменалниот крај на годината за Елена Рибакина беше крунисан со победа на Завршниот маст…