Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, е победник на Австралија Опен. Италијанецот во финалето го совлада Александер Зверев со 3:0, во сетови 6:3, 7:6 и
Јаник Синер продолжува да ја доминира светската тениска сцена. Алекс Зверев лесно го загуби финалето на Австралија Опен, и тоа само во три сета.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Еден брејк беше доволен во првиот сет за Синер да дојде до предност. Нападна во осмиот гем против Зверев, му го зеде сервисот, а потоа со сигурен сервис го освои сетот со 6:3.
Вториот сет донесе многу поголема борба. Зверев спаси две брејк топки во третиот гем, а потоа следеше прилично „здодевен“ тенис без никакви шанси за одземање на сервисот. Се влезе во тај-брејк.
Таму Синер беше одличен, го освои вториот сет со 7:6 (7-4) и дојде до голема предност од 2:0.
Ни третиот сет не донесе премногу возбуда. Синер направи пробив во шестиот гем и потоа без проблеми заврши работа со 6:3 во третиот сет за вкупни 3-0 и титулата во Австралија.