Аргентинскиот стратег, Диего Симеоне даде многу на Атлетико, а викендов ќе влезе во историјата бидејќи ќе го предови овој тим по 700. пат во кариерата.
На клупата на Атлетико седна во декември 2011 година, кога го наследи Грегори Менсон, оттогаш освојуваше домашни и европски трофеи, но не успеа најпосакуваниот во Лигата на шампионите каде што играше две финалиња во 2014 и 2016 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Никој никогаш не седнал на клупата на 700 натпревари во Ла Лига, а Симеоне во претходните 699 натпревари оствари учинок од 412 победи, 156 нерешени и 131 пораз.
Атлетико под негово водство постигна 1.166 гола, прими 576, а на 326 натпревари мрежата на „јорганџиите“ не се тресеше.