
Аргентинскиот тренер Диего Симеоне веќе 14 години е на клупата на Атлетико Мадрид, но не е невозможно да се обиде на клупа на некој друг тим и откри кој великан единствено доаѓа предвид.
Симеоне во декември 2011 година го презеде Атлетико Мадрид и малкумина очекуваа дека Аргентинецот ќе се задржи толку долго на клупата на шпанскиот клуб.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тој му донесе на Атлетико фантастични резултати на кои со децении се чекаше, а клубот одамна реши дека Симеоне може да остане на тренерската клупа додека самиот не одлучи да го напушти Мадрид.
Пред да дојде во Атлетико, овој 55-годишен експерт работеше во Аргентина каде што ги тренираше Расинг, Естудиантес, Ривер Плата и Сан Лоренцо, и многу кратко беше во Италија на клупата на Катанија, каде остана само пола година.
Но, кога Атлетико Мадрид тропна на неговата врата, дилема немаше и тогаш го раскина договорот со Расинг за да дојде во Шпанија, и се покажа дека направи одличен потег.
Симеоне има договор со Атлетико до летото 2027 година, и на стадионот Ванда Метрополитано сакаат да го продолжи договорот, но се чини дека Аргентинецот е желен за нов предизвик.
Тоа е миланскиот Интер, во кој Симеоне своевремено настапуваше како фудбалер, и не би имал ништо против да го води клубот од Џузепе Меаца еден ден.
“Можам да замислам дека еден ден ќе го водам Интер. Мислам дека тоа ќе се случи,” рече Симеоне.