Дома Фудбал „Шумарите“ загубија во Бирмингем: Астон вила се враќа во игра за ЛШ (Видео)

„Шумарите“ загубија во Бирмингем: Астон вила се враќа во игра за ЛШ (Видео)

Астон Вила оствари значајна победа од 2-1 над Нотингем Форест во рамките на 31. коло од Премиер лигата, со што повторно се врати во трката за пласман во местата кои водат во Лигата на шампионите.

Домаќините од Бирмингем започнаа фуриозно и веќе во 13. минута преку Роџерс го отворија резултатот за водство од 1-0. Само две минути подоцна, следуваше нов удар за гостите – Мален погоди прецизно и го удвои водството на Вила, носејќи големо олеснување за домашните навивачи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во второто полувреме, Нотингем Форест се обиде да се врати во натпреварот. Тимот покажа поголема енергија и преку Силва успеа да го намали резултатот на 2-1. Сепак, и покрај притисокот во завршните минути, не успеаја да дојдат до израмнување, па бодовите останаа на „Вила Парк“.

Со оваа победа, Астон Вила се искачи на шестото место на табелата со 51 освоен бод, и ја одржа живa надежта за место во Топ 4.

Фото: Aston Villa FC/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготвен да доведе ново засилување – ќе плати 100 милиони евра на Барселона!

Како што се приближува летниот трансфер рок, шпекулациите стануваат се поинтензивни. Сега …