Дома Моторспорт Срамно: Го уценувал семејството на Шумахер и барал милиони

Срамно: Го уценувал семејството на Шумахер и барал милиони

Семејството Шумахер се соочи со проблем поради поранешниот телохранител кој работел за легендарниот возач на Формула 1.

Телохранителот наводно смислил план да го уценува семејството со цел да им изнуди 15 милиони евра, пренесува Дејли Мејл.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Михаел во 2013 година доживеа тешка несреќа на скијање и од тогаш многу малку луѓе знаат во каква состојба е, бидејќи јавноста од тогаш не го видела.

Неговата сопруга Корина се погрижи да ја зачува неговата приватност. Меѓу луѓето кои можеле да го гледаат Михаел и кои знаат детали за неговата здравствена состојба е и неговиот телохранител Маркус Фриче, кој почнал да работи за возачот 18 месеци пред несреќата.

За семејството продолжил да работи следните осум години, па никој од членовите не се сомневал во неговата верност. Поради тоа, му дале комплетен пристап до деталите за медицинските постапки на возачот. Сепак, семејството решило да го промени начинот на грижа за Михаел и му дало отказ на Маркус, па тој го променил односот и сакал да извелеч финаниска корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт