Дома Трансфер зона Шпанците убедени: Една голема ѕвезда пристигнува во Барселона на лето

Шпанците убедени: Една голема ѕвезда пристигнува во Барселона на лето

Eкипата на Барселона со години се бори со финансиската состојба во клубот поради што има проблеми со доведувањето на фудбалери.

Дури и кога би реализирале голем трансфер потоа имаат проблеми со регистрацијата. Сепак, добра вест за Барселона е новиот голем договор со „Најк“ кој е со важност до 2038 година и тој на клубот ќе му донесе вртоглави 1.7 милијарди евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека благодарение на таа инјекцција на лето Барселона ќе реализира голем трансфер. Клубот е во потрага по крило. На десната страна е Ламин Јамал, но потребно е засилување на левата.

Во изборот на клубот од Каталонија се Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и Рафаел Леао од Милан. Вилијамс веќе беше голема желба и се обидуваа да го доведат изминатото лето откако воодушеви на Европското првенство, сепак во тој момент одлучи дека е најдобро да остане во Атлетик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…