![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-13-154140-850x491.jpg)
Како што известува Франс прес во четвртокот, од Катар пристигнуваат закани за повлекување на катарските пари од Пари Сен Жермен, сето тоа поради обвинувањата против претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи.
Насер Ал-Келаифи е запознаен со обвинувањата за „мешање во купување на гласови и манипулирање со слободата на гласање“ и „злоупотреба на моќта“ во случајот кој се однесува на францускиот бизнисмен Арно Лагардер, со тврдења за обид за влијание врз одлучувачкиот глас на владетелот на Катар кој е совладелец во компанијата.
Клучот на иднината! ↓↓↓
Како што пренесува РМЦ, од Катар пристигнуваат закани за повлекување на капиталот од Пари Сен Жермен..
„Катар му е доста од малтретирањето. Лажни обвинувања, уцени, секојдневни критики, обвинување за туѓата неспособност – за секој проблем во Франција ги обвинуваат нив. Кога и да пробаат да помогнат, се проценува дека ја злоупотребуваат моќта. Ова е класичен пример на малтретирање и на сите веќе им е доста“, наведува новинарот од РМЦ Артур Перо.
Ова не е прв пат Насер Ал-Келаифи да се најде во центарот на вниманието на некој правен случај. Тој беше обвинет за корупција во случајот со кандидатурата на Катар за Светското првенство во атлетика во 2017 и 2019 година – француското правосудство се изјасни за ненадлежно во овие случаи.
Париското обвинителство исто така ја истражува неговата поврзаност со наводната киднапирање на француско-алжирскиот лобист Тајеб Бенабдерахман. Ал-Келаифи негира каква било поврзаност со случајот и поднел противтужба.