
Навистина лоша вест за Ливерпул, откако се дозна дека францускиот претставник Хуго Екитиќе ќе биде надвор од игра барем девет месеци поради сериозна повреда која ја доби на натпреварот против Пари Сен Жермен во Лига на шампиони.
Младиот напаѓач од Франција се повреди во реваншот на Енфилд, каде што „црвените“ загубија со 2:0, а со вкупен резултат од 4:0 го завршија своето учество во ова елитно натпреварување.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Екитиќе го напушти теренот на носилки откако без контакт падна, држејќи се за десната нога и видливо трпејќи силна болка.
Подеталните медицински прегледи потврдија најлошото, скината Ахилова тетива на десната нога, што е една од најтешките повреди за фудбалерите. Според известувањата на францускиот весник L’Équipe, одморот би можел да трае и до девет месеци, што значи дека Екитиќе ќе го пропушти остатокот од годината, а можеби и почетокот на следната.
Со ваква долга пауза, речиси е сигурно дека нема да биде подготвен за Светското првенство. Повредата дополнително го разбранува Ливерпул, кој веќе беше разочаран од елиминацијата од Лига на шампиони, а сега останува и без важен фудбалер во нападот на подолг период.