Дома Фудбал Шок во Шпанија: Ѕвездата на Атлетик Билбао суспендиран поради допинг

Шок во Шпанија: Ѕвездата на Атлетик Билбао суспендиран поради допинг

Голем удар за Атлетик Билбао – искусниот стопер Јерај Алварез е суспендиран на 10 месеци поради допинг и нема да игра до крајот на тековната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алварез беше избран за допинг контрола на 1 мај, по полуфиналето на Лига Европа против Mанчестер Јунајтед. Резултатите открија постоење на забранетата супстанца канренон, што ја наведе дисциплинската комисија на строга казна.

Строга забрана – без тренинзи до февруари

Според одлуката, Алварез не смее да тренира со тимот до февруари следната година, кога ќе му биде дозволено постепено враќање во тренажниот процес. На официјални натпревари ќе може да игра дури од април, со вклучен период од почетокот на истрагата.

Враќање пред крајот на сезоната?

Сезоната во Шпанија завршува крајот на мај, што значи дека Алварез може да учествува во последните кола на Ла Лига. Сепак, останува прашањето каква ќе биде неговата форма при евентуално враќање, како и каква ќе биде неговата улога во тимот.

Сериозен удар за Билбао

Јерај Алварез последниве години беше столбот на одбраната на Атлетик, и неговото отсуство ќе претставува голем проблем за тренерот и остатокот од тимот во борбата за врвот на табелата и европските натпреварувања. Клубот засега нема официјален коментар за суспензијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Садио Мане заврши со репрезентацијата!

Откако репрезентацијата на Белгија го исфрли Сенегал, се огласи и Садио Мане. Како ПАМЕТНО…