Дома Фудбал Шок во Мадрид: Валенсија со гол во 95 минута ги „расплака“ „кралевите“ (Видео)

Шок во Мадрид: Валенсија со гол во 95 минута ги „расплака“ „кралевите“ (Видео)

Фудбалерите на Валенсија приредија големо изненадување и во рамките од 30. коло во шпанското првенство славеа победа над Реал Марид со 1-2.

Реал Мадрид првата голема шанса за водство ја пропушти во 13-тата минута кога Винисиус не реализираше пенал. Само две минути подоцна стигна казната, Валенсија поведе со голот на Диакаби. Со тој гол Валенсија замина и со предност на полувремето.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


По пет минути игра во второто полувреме „кралевите“ стигнаа до израмнување со погодокот на Бразилецот Винисиус Жуниор. Реал притискаше и сакаше да дојде гол за победа ,а кога не ги искористи своите шанси стигна казната. Дуро го искористи нафрлувањето на Рафа Мир и со глава во 95. минута погоди за голема победа.

Интересно е што за Валенсија која игра една од најлошите сезони во својата историја ова беше прва гостинска победа сезонава. Исто така пред денешниот натпревар последен пат во Мадрид над „кралевите“ славеа во 2008 година. Македонскиот голман Столе Димитриевски натпреварот го помина на клупата за резерви.

Барселона сега има прилика со победа над Реал Бетис вечерва да дојде до шест бода предност во последните осум кола во сезоната.

Фото: Valencia CF

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер сака на уникатен начин да се збогува со навивачите на Баерн

Легендарниот играч на Баерн Минхен, Томас Милер, по 25 години преданост кон баварскиот клу…