Дома Фудбал Шок во Германија: На чекор се од враќање во елитата и го отпуштија тренерот!

Шок во Германија: На чекор се од враќање во елитата и го отпуштија тренерот!

Двократниот германски фудбалски шампион Келн го отпушти тренерот Герхард Струбер два круга пред крајот на натпреварувањето во втората лига. Таа одлука многумина ги зачуди бидејќи тимот и понатаму се наоѓа во одлична позиција за враќање во друштвото на најдобрите по само една сезона.

Келн минатиот викенд го загуби првото место во втората лига играјќи 1:1 на свој терен со Регенсбург, сега имаат 55 бода, односно еден помалку од водечкиот Хамбургер СВ, но и три повеќе од третиот Елверсберг и четвртиот Падерборн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бидејќи директно ќе се пласираат во првата лига двете најдобри екипи, на Келн му се доволни уште четири бода од последните два натпревари за да биде недостижен за конкурентите, а преостануваат гостувањето во Нирнберг во петок и домашниот натпревар против Кајзерслаутерн на 18 мај. Келн минатата сезона испадна од првата лига завршувајќи претпоследна, на 17. место.

Фото: FC Köln/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул доведува ѕвер од 90 милиони евра!

Раководството на Ливерпул потроши многу пари минатото лето, но тоа не беше доволно за да с…