Дома Фудбал Шкупи пред целосен распад, Силекс доби службена победа

Шкупи пред целосен распад, Силекс доби службена победа

Екипата на Шкупи се соочи со нов удар откако не успеа да обезбеди стадион за мечот од второто коло против Силекс. Наместо дуел на теренот, кратовци ќе запишат службени три бода и победа од 0-3.

Клубот од Чаир се наоѓа во вистински хаос и според моменталните околности, тешко е да се замисли дека ќе ја издржи целата сезона. Проблемите се двојни, недоволен број на регистрирани играчи, како и невозможноста да се игра на домашниот стадион.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Токму арената во Чаир е единствената во лигата која не ги исполнува условите за примена на ВАР технологијата. Се споменуваше дека Башкими би можел да го отстапи својот терен во Куманово, но ФФМ ја одби таа опција.

Од друга страна, Силекс продолжува со одличен старт – по убедливата победа од 5-0 над Брера во првото коло, сега без игра ќе впише уште три бода. Шкупи, пак, останува без успех, откако претходно доживеа тежок пораз од Шкендија (5-1) во Тетово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пол Сколс без милост понижи тројца играчи на Манчестер Јунајтед како никој досега

Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс остро ги критикуваше тројцата фудбалери на Црвен…