
Екипата на Шкупи најави, но засега и понатаму е единствената која на својот стадион нема ВАР.
Проект менаџерот на системот во Македонија, Дејан Јакимовски објасни каде бил проблемот, односно што Шкупи до овој момент не обезбедил.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Имаме еден технички дел и еден инфраструктурен дел. Техничкиот дел го обезбеди ФФМ и тоа е прилично скапо. Техниката ја обезбедува ВАР провајдер, станува збор за софтвер кој се поставува од компанија и има шест компании кои можат да поставуваат. Сите натпревари се снимаат со шест камери, четири се најмалку. Тие камери се обездуваат од федерацијата.
Секој стадион треба да има интернет мрежа и тоа го обезбедува ФФМ, тоа е обезбедено на сите стадони. Се направија максимални напори да има техничка соба на секој стадион, таа техничка соба испраќа сигнали до главната ВАР соба. Секаде го прават клубовите, но тука го направи ФФМ.
Шкупи има проблем со инфраструктурата, новата трибина е без платформи за камери. И тие камери требаше да се вратат на старата и на таа немаше. Не сакам да навлегувам понатаму, не знам дали е финансии во прашање. Сите клубови тоа го исполнија, освен Шкупи“, изјави Јакимовски.
КОМПЛЕТНИОТ РАЗГОВОР ЗА ВАР ВО МАКЕДОНИЈА