Eкипата на македонскиот прволигаш, Шкендија објави дека се разделува со голманот Давор Талески.
Талески си заминува од тетовскиот клуб по две ипол години и ќе се обиде да пронајде средина каде што ќе има поголема минутажа.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Шкендија се заблагодарува на Давор Талески за трудот и неуморната работа за време на неговиот престој тука. Му посакуваме среќа и успех во неговата понатамошна кариера“, објави Шкендија.
Покрај Талески од Шкендија заминува и напаѓачот Дауда Бамба кој пристигна летово, но имаше проблеми со повреди, па така неговиот договор стана неважечки.