
Македонскиот првак Шкендија не успеа да ја задржи минималната предност од првиот дуел со Лудогорец и со пораз од 4-1 во Разград го заврши својот настап во плејофот за Лигата на Европа.
Бугарскиот шампион започна фуриозно, па веќе во 9. минута преку Куртулус поведе со 1-0. До крајот на полувремето, Чочев ја зголеми предноста на 2-0, со што домашните ја презедоа контролата над двомечот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Шкендија кратко ја врати надежта во второто полувреме. Тамба во 64. минута погоди за 2-1, што значеше израмнување во вкупниот резултат и обезбеди продолженија. Сепак, во екстра времето Текпетеј (98’) и Биле (122’) беа прецизни и ја потврдија убедливата победа на Лудогорец.
Со овој пораз, Шкендија не успеа да го повтори подвигот на Вардар од 2017 година, кој останува единствениот македонски клуб што играл во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување. Европската сезона, Шкендија ја продолжува во лигашкиот дел од Конференциската лига.