Дома Фудбал Шкендија дочека и февруари во Европа – вечерва ја чека тежок предизвик!

Шкендија дочека и февруари во Европа – вечерва ја чека тежок предизвик!

Екипата на Шкендија вечерва на арената во Скопје го отвора европскиот предизвик против Самсунспор во првиот натпревар од плеј-оф двомечот во Конференциската лига. Тетовци посакуваат позитивен резултат пред реваншот, иако се свесни дека пред себе имаат сериозен и квалитетен ривал.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, не крие дека турскиот претставник е меѓу фаворитите во натпреварувањето. Според него, Самсунспор е една од трите најсилни екипи оваа сезона во Конференциската лига, но тоа не значи дека македонскиот тим ќе излезе без амбиција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ситуацијата дополнително се искомплицира со доаѓањето на нов тренер кај противникот, што значи и можни промени во нивниот стил на игра. Сепак, ова се натпревари во кои треба да уживаме. Да се игра европски меч во февруари е вистински успех. Ќе се обидеме да извлечеме поволен резултат, а од нас зависи да го дадеме максимумот“, порача Беќири.

Шкендија во добра атмосфера го пречекува дуелот, откако со победа против Струга го отвори вториот дел од сезоната. За разлика од нив, Самсунспор се соочува со резултатска криза, што доведе и до тренерска смена. Дополнителен плус за тетовци е фактот што немаат сериозни проблеми со повреди и ќе настапат со најсилниот состав.

Натпреварот започнува во 21 часот, а очекувањата се за возбудлива европска вечер во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе лут како рис: Не доаѓај во Мадрид, не треба да играш тука!

Во вторник навечер, Реал Мадрид ја победи Бенфика 1:0 во плеј-оф натпреварот за осминафина…