Дома Фудбал Ширер: Нереално е Ливерпул да го добие Исак за тие пари

Ширер: Нереално е Ливерпул да го добие Исак за тие пари

„Тема број 1“ на Островот е потенцијалниот трансфер на Александер Исак во Ливерпул. Тоа е прашање кое многу ги загрижува сите во Њукасл, а легендата на тој клуб Алан Ширер истакнува дека Свраките мораат брзо да реагираат.

Една од најголемите легенди на Њукасл, па и на Премиер лигата, напиша авторски текст за „BBC Sports“ за ситуацијата во Њукасл, со акцент на трансфер сагата на Александер Исак.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Не знам како и зошто се дозволи да се случи ова, но факт е дека ова е катастрофално преоден рок. Пропуштиле сите главни мети и притоа имаат оваа ситуација со Исак. Морат да ја решат, а нема да биде лесно. Како што замина и Калум Вилсон, тие мораат да донесат двајца напаѓачи ако си замине и Исак. Инакво не можат да го пуштат“, рече Ширер.

Смета дека првата понуда на Ливерпул од 127 милиони евра не беше сериозна.

„Не можеш да го добиеш Исак за тие пари. За тие пари се купувале Деклан Рајс, Енцо Фернандес, Џек Грилиш, а ние зборуваме за напаѓач кој во две сезони постигна 44 гола во Премиер лигата. Поблиску до реалноста е цената што Њукасл ја одреди околу 150 милиони евра“, смета тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атл…