Војчех Шчесни на почетокот на октомври потпиша договор со Барселона откако сериозно се повреди Марк-Андре тер Стеген, а призна дека ни самиот не очекувал што ќе се случува само неколку месеци подоцна.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Полскиот голман не бранеше во првиот дел од сезоната воопшто, но на почетокот на 2025 година Ханси Флик му даде шанса која целосно ја искористи, и затоа доби место како прв голман до крајот на оваа сезона.
Шчесни стандардно брани веќе два месеца, и поради тоа го промени мислењето во врска со евентуалниот останок, бидејќи покажа дека е заинтересиран да го продолжи договорот ако Барселона му понуди таков.
„Да ме прашавте по доаѓањето во Барселона дали ќе останам и следната сезона овде, ќе кажев дека на лето сигурно го напуштам клубот. Меѓутоа, навистина уживам овде. Семејството ми е пресреќно, на син ми му се допаѓа училиштето, сопругата ужива, така што сега сум отворен за сите опции“, рече Шчесни.