Дома Фудбал Севиља го испрати Навас во пензија, еден момент го расплака Шпанецот како мало дете (Видео)

Севиља го испрати Навас во пензија, еден момент го расплака Шпанецот како мало дете (Видео)

Предпоследниот декемвриски ден во Севиља помина во емотивен дух, бидејќи истоимениот шпански клуб организираше церемонија по повод завршувањето на кариерата на Хесус Навас, кој најдолго време помина на “Рамон Санчез Писхуан”.

Освен четиригодишниот период во Манчестер Сити за време на минатата деценија, поранешниот шпански репрезентативец практично целосната кариера ја помина во Севиља, па не е чудно што клубот реши на ваков начин да му се оддолжи.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Севиља организираше шпалир низ кој помина Навас, поздравувајќи се со присутните додека одекнуваше громогласниот аплауз на публиката во најголемиот андалузиски град.

Во текот на обраќањето пред присутните, Навас постојано беше на работ на солзи, но не можеше да се воздржи кога на теренот влегоа ќерките на покојниот Хосе Антонио Рејес и синот на Антонио Пуарта, некогашните соиграчи на Хесус кои повеќе не се меѓу живите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…