Дома Фудбал Сестрата на Кристијано Роналдо ги нападна критичарите: Брат ми дваесет години го носи имиџот на Португалија на својот грб, не може да го оцрните

Сестрата на Кристијано Роналдо ги нападна критичарите: Брат ми дваесет години го носи имиџот на Португалија на својот грб, не може да го оцрните

Сестрата на Кристијано Роналдо – Катја Авеиро, остро одговори на критиките упатени кон напаѓачот поради неговото посета на Белата куќа, истакнувајќи го неговиот огромен придонес за имиџот на Португалија.

Ѕвездата на Ал-Наср и на репрезентацијата на Португалија неодамна присуствуваше на вечера во Белата куќа, организирана од претседателот на САД Доналд Трамп, што предизвика бран коментари.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Најсмешно е што тие навистина веруваат дека тоа ќе му наштети на имиџот на Кристијано Роналдо. Ако ја тргнеме скромноста, замислете еден 40-годишен маж кој дваесет години ја носи Португалија на своите плеќи, избега од сиромаштија и изгради империја без врски, без услуги и без да украде и денар од некого. Навистина мислите дека тој е губитникот?“, изјави Авеиро.

Таа продолжи со остра критика до оние кои го осудуваат нејзиниот брат:

„Нему не му е гајле дека некои вознемирени луѓе, т.н. професионалци, решиле да измислат скандал. Кристијано Роналдо направи повеќе за државата од било која тркалезна маса. Конференциски маси, панел коментатори, воини на тастатури… Момци и девојки, поради него се зборува за големината на Португалија, додека многу од критичарите и коментаторите се непоследователни дури и во своите реченици.“

„Мора да сте очајни. Ги видов вашите критики, но, по ѓаволите, тоа е жалосно. За жал, нашата држава уште има многу да учи во однос на завист и на тоа да не се мислиме за попаметни од другите. Тоа е одвратно, грдо е и му штети на нашиот имиџ“, заврши Катја Авеиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куртоа: Барселона не нè почитуваше ни кога победуваше, а сега уште помалку…

Помина еден месец од „Ел Класико“, во кој Реал Мадрид ја победи Барселона 2:1 на Сантјаго …