Дома Фудбал Сензација во Шпанија: Четвртолигаш го елиминираше Еспањол

Сензација во Шпанија: Четвртолигаш го елиминираше Еспањол

Многумина од вас веројатно никогаш не слушнале за шпанскиот град Барбастро, кој има 17.000 жители и се наоѓа во провинцијата Уеска.

Вчера неговото име силно одекна во Шпанија благодарение на фудбалот, бидејќи Фудбалскиот клуб Барбастро го победи Еспањол како домаќин со 2:0 и се пласираше во шестнаесетфиналето на Купот на Кралот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Вистинска сензација ја најави Андрес Барера, кој во 55. минута постигна гол од пенал, а потоа погоди и во 82. минута.

Барбастро инаку се натпреварува во четвртиот ранг на шпанскиот фудбал, а таму во втората група е на претпоследното 17-то место на табелата.

На Еспањол му останува да се бори за опстанок во најсилната лига на Шпанија во понатамошниот тек на сезоната, но ова е навистина удар од кој тешко се опоравува…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мареска во Челси добил отказ поради Манчестер Сити?!

Енцо Мареска повеќе не е тренер на Челси. Италијанецот го напушта Стамфорд Бриџ по само 18…