Дома Останати Ракомет Селекторот на Германија направи невидена глупост и ја однесе Србија кон триумф (Видео)

Селекторот на Германија направи невидена глупост и ја однесе Србија кон триумф (Видео)

Ракометната репрезентација на Србија оствари чудесна победа над Германија на Европското првенство во Данска.

Србија во натпреварот од 2. коло на група А славеше со 30:27 и направи огромен чекор кон пласман во вториот круг на натпреварувањето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Освен одличната игра на „Орлите“, фантастичниот голман Дејан Милосављев, деталот што го реши победникот беше одлуката на тренерот на Германија Алфред Гисласон.

Гисласон, при резултат 26:25 за Србија, побара тајм-аут во моментот кога неговиот играч Јури Конор шутираше кон голот на нашиот тим. Топката влезе во мрежата, но голот не беше признат поради потегот на германскиот тренер.

Така, со својата одлука, Гисласон го поништи голот на својот тим во исклучително важен момент на натпреварот.

Иако неговите играчи се обидуваа да бидат дипломатски во одговорите на новинарските прашања, од нивните изјави се јасно согледуваше дека се незадоволни од начинот на кој Германецот го водеше натпреварот.

„Се разбира дека во тебе врие додека седиш на клупа, а знаеш исто така дека можеш да ја помогнеш својата екипа на теренот”, изјави Јури Конор.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Една од одбраните на колото: Голманот на Вардар против Бенфика одбрани чист зицер! (Видео)

Ракометарите на Вардар вчера во Скопје одиграа меч за паметење и со сигурна победа над Бен…